ДУИ: Веднаш да се повлече Законот за Средно Образование!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повикува ВМРО -ДПМНЕ веднаш да го повлече Законот за средно образование, кој претставува неприфатлив акт и нанесува далекусежни последици наметнувајќи етничка супремација и ексклузивитет.

„Апелираме и до Вреди, ако им останала и тронка достоинство, да размисли и да го повлечете овој срамен закон, кој го откри вашиот неуспех да ја разберете важноста на квалитетното и инклузивно образование.

Тешко е и истовремено понижувачки да се гледа вашиот потчинет став во оваа ситуација, која самите ја создадовте.

Повлечете го законот, бидејќи едно е сигурно: ако вие не го повлечете овој закон, ние ќе го сопреме!“, велат од ДУИ.