Претседателот на Фудбалската федерација на Албанија и заменик-претседател на УЕФА, Арманд Дука, во емисија за ТВ21 зборуваше за односите со господинот Масар Омерагиќ и дали постои соработка и дали имал средба.
„Луѓето се менуваат, но федерациите не. Федерациите секогаш треба да имаат коректни и добри односи, а Фудбалската федерација на Албанија и таа на Северна Македонија секогаш ги имале такви. Толку повеќе што сме соседи, толку повеќе што имаме, да речеме, исти грижи.
Значи, иако се смени претседателот, федерацијата остана иста. Односите, повторувам, биле стабилни и многу добри. Се разбира, бидејќи зборувавме на ист јазик со Мухамед Сејдини, можеби тие односи беа малку поблиски… но и со новиот претседател, г. Масар, имам лично познанство. Тој беше член на Извршниот комитет на федерацијата уште во времето кога Хари беше претседател на ФФМ, и уште тогаш имаше амбиции да стане претседател. Таа негова желба се оствари — денес е претседател, дел од фудбалската заедница, поранешен фудбалер со желба да го развие фудбалот во Северна Македонија.
Сигурен сум дека ќе работи добро — имаме многу добри односи“, вели Дука.
