Дуќанџија го затвори бизнисот и отпушти 6 лица, не може да ги плати месечните трошоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Тони Никушевски. Од вчера тој и уште 5 други лица останаа без работа бидејќи фирма која се занимава со хемиско чистење го затвори дуќанот во Трговскиот центар. Причина се трошоците се за одржување кои за еден месец достигнуваат и до 600 евра.

Фирмата каде што работеше Никушевски е семеен бизнис и функционира веќе 40 години. Тој вели дека никогаш немале проблем со ликвидност.

Затворањето на дуќанот уследи откако Владата не предвиде субвенции за малите дуќани, додека Никушевски вели дека изолацијата на луѓето го намалила профитот за 100 отсто.

Оваа форма претходно имала 30 дуќани, а сега 9. И тие што останаа, Никушевски стравува дека ќе ја доживеат истата судбина, бидејќи недостигот на заработка го има секаде.