Билјана Дуковска од платформата против сиромаштијата, вечерва на гостувањето во ЕУ Клик на ТВ21, рече дека е потребно време да се промени социјалниот систем.
„Ќе треба уште време за промена на социјалниот систем, до тогаш треба да се најде начин оваа група на сиромашни граѓани да не останат на маргините, туку со заедничка акција да им помогнеме“, рече Дуковска.
