Дури 10 хирурзи дале отказ во петокот во болницата во Чаковец, каде што веќе подолго време докторите го изразуваат незадоволството од кадровските промени.
За шеф на хируршката служба бил назначен Роберт Грудиќ, што наиде на незадоволство, и вчера кулминираше со отказ од страна на 10 хирурзи.
Споменатите хирурзи во последните десетина дена јавно го изразија своето незадоволство од кадровските промени во болницата, односно дека целиот процес на назначување на раководителот, како и на некои раководители на одделенијата во болницата, не се одвивал транспарентно или правично.
Локалните медиуми претходно објавија дека хирурзите се побуниле и потпишале петиција против назначувањето на раководител на Службата за хируршки дејности по партиска припадност.
Во знак на поддршка кон лекарите, утрово стотина граѓани на Чаковец се собраа пред болницата.
