Дури 27 повредени во сообраќајката утрово во Србија во која загина едно лице

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Марадик, на патот Нови Сад-Инџија, а 27 лица се повредени, изјави за Еуроњуз Србија Драган Ѓорѓевиќ, директор на Здравствениот дом Инџија.

„Им е укажана помош на 27 повредени, од кои четворица се со тешки повреди. Тие се пренесени во болниците во Сремска Митровица, Нови Сад и Белград. Десет се пренесени во Клиничкиот центар во Војводина, седум во Општата болница во Сремска Митровица и двајца во Белград“, рече Ѓорѓевиќ.

Тој наведува и дека повредените патници во локалните болници ги превезувале лица кои случајно се нашле на пат, па конечната бројка ќе ја знаат кога ќе ги соберат сите податоци.

За потсетување, утрово околу 7 часот и 30 минути на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија се случи сообраќајна незгода во која учествуваа патничко возило и автобус на редовната градска линија.