Дурмиши: Довербата на странските инвеститори расте – 21 милион евра нова инвестиција во ТИРЗ Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за економија и труд го поздравува почетокот на новата инвестиција на компанијата CAVO Otomotiv во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, која претставува значаен придонес кон економскиот развој на државата и дополнителна потврда за довербата на странските инвеститори во Северна Македонија.

Инвестицијата, која според најавите ќе достигне вредност од 21 милиони евра, ќе овозможи отворање на околу 550 нови работни места и ќе придонесе за натамошен развој на автомобилската индустрија, еден од најдинамичните и најизвозно ориентирани сектори во светот.

Особено значајно е што инвестицијата ќе се реализира во ТИРЗ Тетово – единствената технолошко-индустриска развојна зона во државата која функционира по моделот на јавно-приватно партнерство и која е во надлежност на Министерството за економија и труд. Овој модел уште еднаш потврдува дека партнерството меѓу државата и приватниот сектор создава услови за реализација на крупни инвестиции кои директно придонесуваат за локалниот и националниот економски развој.

Компанијата CAVO Otomotiv е реномирана мултинационална компанија со повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и со производствени капацитети во повеќе земји. Одлуката дел од производството кое моментално се реализира во Турција и Словачка да биде пренесено во Северна Македонија претставува силен показател за довербата во домашната економија, квалификуваната работна сила и поволната деловна клима.

По повод објавувањето на инвестицијата, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека Владата и Министерството остануваат силно посветени на создавање услови за нови инвестиции и одржлив економски раст.

„Оваа инвестиција е уште една потврда дека Северна Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за компании кои носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетни работни места. Одлуката на CAVO Otomotiv да инвестира токму во Тетово е јасен сигнал дека напорите за подобрување на деловната клима и создавање стабилна и предвидлива инвестициска средина даваат конкретни резултати.