ВИДЕО Граѓани влегоа во „Информер“, уредникот повика полиција, а потоа се евакуираше

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група граѓани, меѓу кои и Дијана Хрка, влегле во зградата на српската телевизија „Информер“ и го прекинале емитувањето на програмата, по што главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ и дел од вработените го напуштиле студиото.

За време на емисијата „Колегиум“, која се емитувала во живо, Вучиќевиќ повикал полиција и брза помош, барајќи евакуација на вработените.

Тој телефонски го контактирал и Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, барајќи да ги повлече собраните граѓани, но Срдановиќ му одговорил: „Не ве слушам“.