Денеска рано наутро е извршен напад врз фудбалерот Душко Тошиќ и неговиот тренер Андреј Милутиновиќ во центарот на Белград, а за целиот инцидент се огласи и репрезентативецот на Србија.
„Со цел да спречам шпекулации, точно е дека моите колеги фудбалери (од кои тројца се странци) и јас бевме нападнати утрово на утринскиот тренинг на Калемегдан. Бевме нападнати од група хулигани, кои беа вооружени со ножеви и електрошокови. За среќа, сè заврши без поголеми последици, полицијата навремено реагираше и ги уапси напаѓачите, кои за жал сериозно повредија жена, која случано поминувала од истото место“, напиша Душко Тошиќ на својот Инстаграм профил.
