Два авиони се судрија во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На аеродромот во Сугурт, Русија, денеска се судрија два авиони.

Авионот АТР-72, кој бил на одржување за време на несреќата и имал вклучени мотори, почнал да се движи по аеродромот од засега непознати причини, што предизвикало судар со авион Јак-40.

Локалните медиуми јавија дека двата авиони претрпеле механичко оштетување, но дека во моментот на судирот на нив немало патници или членови на екипажот, поради што нема повредени луѓе.