Од Секторот за внатрешни работи во Тетово соопштуваат дека е поднесена пријава дека двајца млади лица биле нападнати од група од околу 20 лица. Според пријавата, групата цртала графити, а на младите им упатувала провокации на национална основа.
„На 14.05.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово, М.М. (18) од Тетово пријавил дека околу 23:00 часот, додека со својот другар Л.Ф. (18) се движеле пеш по улицата ‘Ленин’, во близина на мостот на реката Шкумбин, биле физички нападнати. Според пријавеното, тие забележале група од околу дваесетина млади лица кои цртале графити, а едно од лицата им се обратило со провокативни зборови на национална основа. Набрзо потоа, групата ги опколила, при што едно маскирано лице физички го нападнало М.М., додека друго лице го нападнало неговиот другар. Пријавувачот идентификувал едно од лицата од групата, кој е Л.Џ. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од СВР Тетово.
