Двајца Швеѓани обвинети за тероризам во Данска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца млади момчиња од Шведска , на возраст од 16 и 19 години, уапсени на 2 октомври, денеска се обвинети по член 114 од Кривичниот законик, познат и како дел за тероризам , пренесува порталот ДР.

Полицијата во Копенхаген потврди дека дејствијата на младите биле насочени кон израелската амбасада во данската престолнина, а обвинети се дека поседувале пет рачни бомби и активирале две во близина на израелската амбасада.

Припадниците на надлежните полициски служби ја истражуваат и поврзаноста на овој инцидент со пукањето во близина на израелската амбасада во Стокхолм.

Двете експлозии што одекнаа во близина на израелската амбасада во Копенхаген ноќта на 1 октомври се случија веднаш по масовниот ирански ракетен напад врз Израел.