Во Албанија денеска се пријавени три жртви на давење во море.
Едното лице е 59-годишен со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја, а уште две лица се евидентирани на плажата во Спиле, објави албанската телевизија А2 Си-ен-ен.
Телевизијата пишува дека полицијата информирала дека се работи за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Северна Македонија, а како причина за давењето се сметаат високите бранови.
Инцицентите се случиле околу 11 часот утринава, додека истражните тимови работат на расветлување на околностите за настанот.
