Екс-претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео со поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан, кој е во Белград на гости во куќата на таткото на Вучиќ.
„Двајцата неодамна изгубивме избори, но не го изгубивме нашето достоинство, нашата гордост и нашата верба“, рече Вучиќ.
Благодарејќи му на гостопримството, Орбан рече дека пријателите секогаш остануваат пријатели. „Вистинските пријатели стануваат уште подобри пријатели во тешки времиња и можеш лично да бидеш сигурен, Александар, дека секогаш сум на твоја страна. Плус, знаеш дека тоа беше повеќе од само пријателство меѓу нас двајцата. Тоа беше големо достигнување да се подобри односот, дури и братството меѓу Србија и Унгарија, Србите и Унгарците“, рече Орбан,
„Ќе се вратиме“, порача Вучиќ на крајот на видеото.
