На 15.12.2020 околу 16.20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства. Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
