Две лица убиени во пукање во фабрика во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж денеска околу 17:45 часот упадна во фабриката „Хенел“ во градот Бад Фридрихшал во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.

Според полицијата, двајца мажи биле застрелани, додека третиот е тешко повреден, пренесува Билд.

Полицијата го опколи местото на злосторството и испрати голем контингент полициски сили, вклучително и хеликоптер и Тим за специјални операции.