Две лица се убиени во напад врз Киев синоќа, потврди извор близок до градската влада, пренесува Укринформ.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека беспилотни летала ги погодиле горните катови на станбена зграда во Шевченковската област во главниот град.
Кличко изјави дека вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и четири деца.
