Две министерства без албански јазик – Османи и Шахпаска ветуваат дека наскоро ќе се поправи направениот пропуст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика се единствените министерства кои немаат верзија на албански јазик на веб страната и покрај законската обврска со Законот за употреба на јазиците.

„Веб страниците на институциите од член 1 од овој закон и содржината на веб страниците покрај на македонскиот јазик и неговото писмо, задолжително се објавуваат и на јазикот различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо“, се вели во законот за употреба на јазиците.

Ново избраната министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вети дека ќе се обиде да го спроведе законот.

Од МНР, со кое сега раководи Бујар Осамни, велат дека започната е постапката за да се спроведе Законот за употреба на јазиците.

„Постапката за воведување на албанска верзија на веб страната на МНР почна и чекаме наскоро да се реализира“, велат од МНР.

Неколку министерства како Министерството за транспорт и врски иако има веб страна и на албански јазик, нема содржина. Објавени се само слики од разните настани и состаноци на министерот, но без соодветен текст, а на македонската верзија не е така.

Иста ситуација имаме и во Министерството за правда. Министерката Мила Царовска, која кога беше МТСП немаше воопшто верзија на албански јазик, а сега во МОН постои веб страна и на албански јазик бидејќи претходно со ова министерство раководеше Албанец.

Официјалната веб страна на Министерството за земјоделство е надвор од употреба.

Од друга страна сите министерства кои беа раководени од министри Албанци, ги ажурирале нивните веб страни и на двата јазика.