Две полноќни ремија на Мундијалот, вечерва еден од фаворитите Франција излегува на „мегдан“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ноќеска два натпревари се одиграа на Светското првенство, и двете завршија нерешено. Саудиска Арабија против Уругвај одигра 1:1, додека Иран и Нов Зеланд одиграа 2:2.

Уругвајците не ја оправдаа улогата на фаворити. Губеа од Саудиска Арабија откако Ал Амри постигна гол, Араухо во 80. минута израмни, а потоа Уругвај тргна и по трите бода, но голманот на Саудиска Арабија Ал Оваис беше фантастичен и не дозволи противникот да се радува.

Нов Зеланд двапати водеше против Иран. Џаст во 7. минута донесе предност за Нов Зеланд, а израмни Резаеиан. Џаст во 54. минута постигна уште еден погодок, а Мохеби 10 минути подоцна донесе израмнување и бод за својата селекција.

Претходно Белгија и Египет одиграа нерешено 1:2, а Зеленортските Острови сензационално освоија бод во мечот со Шпанија играјќи без голови.

Вечерва се игра само еден натпревар на Мундијалот. Светскиот вицепрвак Франција излегува на мегдан, и тоа против Сенегал во 21:00 часот.