Времето се менува: Дожд и облаци, од вторник повисоки температури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Следува период на променливо облачно, од вторник и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има утре и кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.