Две вработени во обложувалница во Струга пријавиле кражба која не постоела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор,  на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло  машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.