Откако имаше промена на министерската позиција во Министерството за образование, соопштенијата се испраќаа само на македонски јазик, сепак по сторијата на ТВ21, во пракса е вратен повторно албанскиот јазик. Министерството кое го презема Царовска реагираше и сега соопштенијата се испраќаат на двата јазика.
„Соопштенијата на МОН сега доаѓаат на двата јазика. Да ги погледнеме последните соопштенија. Ова се последните и се напишани на двата јазика. На македонски и албански јазик. И логото е сменето. Претходно беше само на македонски јазик, сега е и на албански јазик“, истакна репортерот на ТВ21.
Пред неколку дена ТВ21 ја праша министерката, таа рече дека ќе работи на свој начин и дека двојазичноста ќе се практикува.
Директорот на Агенцијата за јазици, Иљбер Села вели дека досега немало поплака или жалба дека МОН го прекршува законот за јазици, а доколку има такво нешто, тогаш ќе го разгледаат случајот. Во меѓувреме пред неколку дена во Собрание пратениците на АА – ААА ја напуштија седницата на комисијата за образование, бидејќи материјалите беа само на македонски јазик. Инаку, законот за употреба на јазиците, вели дека во сите органи на државната власт во Република Македонија, официјален јазик освен македонскиот е и јазикот кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија.
