Двојкашот не помина – Беким Фетаји избран за нов ректор на УНТ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Точно на пладне почнаа изборите за нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Секој факултет беше поделен на избирачки места во различни кабинети. Право на глас имаа целиот академски кадар и по еден студентски претставник од секој факултет.

По пребројувањето на гласовите, кандидатот проф. Др. Беким Фетаји е прогласен за победник со 38 гласа или 3 гласа повеќе од противкандидатот проф. Др. Блерим Саити.

Беким Фетаји е ИТ инженер. Според неговото CV, дипломирал на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистерски студии ги завршил во Оксфорд, Обединетото Кралство, а студиите за доктор на технолошки науки ги завршил во Грац, Австрија.

Неговиот противкандидат, Блерим Саити, е професор по физичко. Според неговото CV, факултетот и магистерските студии ги завршил на Институтот за физичка култура при Универзитетот во Тирана, а докторирал на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2013 година.

Пред неколку дена, дел од академскиот свет на овој Универзитет изрази загриженост за лошите оценки на проф. Блерим Саити во средно училиште, бидејќи Саити по сите предмети имаше двојки.

Но, на прашањето за ова, претседателот на Централната изборна комисија Зоран Гацовски рече дека Саити ги исполнил условите како кандидат.

Беким Фетаји во понеделник официјално ќе го преземе мандатот на ректор. Тој ќе биде третиот ректор по Изет Зеќири и Азиз Положани.