ДЗС: Две возила и седум пожарникари го гаснеле запалениот автобус на ЈСП-Скопје на Водно, присебноста на возачот спречила ширење на пожарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита учествувале во гаснењето на автобусот на ЈСП Скопје, што сообраќал на линијата број 25 кон Водно, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. Благодание на брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината.

„Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки и ќе биде утврдена точната причина за пожарот со кој претпладнево беше зафатен автобус наова јавно претпријатие кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно – велат од ЈСП „Скопје“. Во пожарот нема повредени лица и не ја зафатил парк-шумата „Водно“. Спречена е негово ширење благодарение на брзата реакција на возачот“, се вели во соопштението на ДЗС.