ДЗС: Подготвени сме за праќање помош во БиХ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевар Селами изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалните поплави кои се случија во Република Босна и Херцеговина во последното деноноќие.

„ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ, по евентуално побарување“, вели тој.