По неколкумесечни блокади ЕБОР повлече 100 милиони евра, бидејќи не можеле повеќе да бидат замрзнати и ги пренаменила за други држави.
Овие средства беа наменети за ЕСМ со цел зголемено прозводстсво на електрична енергија, за сервисирање на долгот и обебедување суровини како јаглен и мазут за неречено снабдување со електрична енергија на домаќинствата. За повлечените средства, СДСМ го обвинува ВМРО-ДПНЕ дека се тие виновни поради блокадата во Собранието, воедно додавајќи дека опозицијата бесрамно лаже дека услов за овој заем било затворањето на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го блокираа законското решение со кое од Европската банка за обнова и развој требаше да се обезбедат 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза“, вели Даниела Николова.
Наместо инвестиции во енергетика, изминативе неколку години власта го опустоши електро – енергетскиот систем во Македонија, па сега во време на кризи мора да се задолжува за да има за плати за работниците и ликвидност на претпријатието- обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е последица и на огромната пљачка која ја направи Ковачевски и фамилијата Заеви во РЕК Битола, преку криминалните тендери, за кои граѓаните беа сведоци. Овие заеми од страна на Електрани на Македонија директно ќе удрат по џебот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како резултат на овие нови задолжувања наајвеното покачување на електричната енергија може да биде и драстично поголемо додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
