Еден милион кинески вакцини во Србија, новинарите со приоритет во вакцинацијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Авионот со товар од еден милион дози на кинеската вакцина Синофарм денеска слета на белградскиот аеродром Никола Тесла, а беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој најави дека и новинарите ќе бидат вклучени во приоритетната листа за вакцинирање, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ посочи дека со овие еден милион дози ќе бидат вакцинирани половина милион луѓе.

Тој потврди дека со кинеската вакцина ќе биде вакциниран за една недела и дека преговара со Ковакс за вакцината АстраЗенека и дека очекува „до јуни и јули во Србија да има пет или шест видови вакцини“.