Еден работник загина, а четворица се тешко повредени во експлозија што се случи денеска во фабрика за нафтени деривати во Измир.
Експлозија поради компресија на гас се случи утринава во фабрика во индустриската зона Алиага во Измир, јавува ТРТ Хабер.
На местото на настанот се испратени пожарникари, жандармерија и медицински екипи, кои констатирале дека четворица работници се тешко повредени и дека работникот Ибрахим им подлегнал на повредите.
