Вооружени лица убија еден ученик во училиште и киднапираа 27 деца за време на ноќниот напад на интернат во северна централна Нигерија, изјави гувернерот на државата Абубакар, Сани Бело.
Киднапирани се и тројца вработени и 12 нивни роднини, пренесува Би-Би-Си.
Напаѓачите упаднале во државниот колеџ за науки во областа Кагар и го совладале обезбедувањето на училиштето, по што ги одвеле учениците, велат локалните жители.
– Околу 600 момчиња спиеле во домот кога напаѓачите влегле во училиштето, рече директорот Данасабе Убаиду.
Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го осуди нападот и киднапирањето и им нареди на безбедносните служби да спроведат операција за спасување.
Мотивот за нападот не е јасен, но криминалните банди често вршат киднапирања за откуп во делови на Нигерија, изјави за Би-Би-Си Ишак Калид.
На северот на Нигерија активни се и екстремистите од исламистичката група Боко Харам, како и терористичката Исламска држава, но и други вооружени групи.
