Еден загинат, неколкумина повредени во престрелка на рејв забава во Швајцарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во престрелка во северна Швајцарија едно лице загина, а најмалку петмина се повредени, од кои некои се во тешка состојба, соопшти локалната полиција во неделата.

Кантоналната полиција во Аргау соопшти дека е во тек потрага по сторителот и апелираше до јавноста да достави фотографии или видеоснимки од инцидентот. Таблоидот „Блик“ објави дека инцидентот се случил на рејв забава на хиподромот.

На видеоснимка објавена на неговата веб-страница се слушаат последователни истрели. Полицијата соопшти дека големи делови од градот Арау се блокирани, а како мерка на претпазливост е засилено полициското присуство и надвор од градот.

Швајцарија има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во Европа, иако вооружените престрелки се ретки. Во 2019 година земјата одобри построги правила за контрола на оружјето.