Една година од ветувањето за училиштето во Идризово – Георгиевски и Царовска заедно, но некоординирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ентузијазам и надеж – почувствуваа жителите на населба Идризово пред една година, кога тогашниот министер за образование, Арбр Адеми и тогашните пратеници, Артан Груби, Мухамед Зекири и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски го посетија овој објект за да им кажат на жителите дека ќе се гради училиште.

Но, тоа ветување остана во овие ѕидови. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, вели дека планот за изградба на училиштето е доставено до МОН.

Иако денеска ја придружуваше министерката за образование,  Георгиевски не знаеше дали е разгледан проектот за изградба на училиштето.

За разлика од Георгиевски, министерката Мила Царовска беше повнимателна. Рече дека разговарале за проектот и изградбата на училиштето во Идризово.

Идејата за изградба на основно училиште во Идризово дојде како резултат на тоа дека во училиштето Његош во Јурумлери родителите на учениците Македонци не им дозволија на децата Албанци да учат на нивниот мајчин јазик.