Една година од страшната трагедија која се случи во Србија.
На денешен ден, рано наутро во околу 8 часот, 13 годишен ученик од седмо одделение во основно училиште во Србија влезе со пиштол во своето училиште и застрела девет соученици и чувар.

Наставничка по историја и други ученици беа повредени и хоспитализирани.
Напаѓачот К.К. роден во 2009 година полицијата веднаш го уапсила во училишниот двор, а поради годините истиот не може да се најде зад решетки, затоа е сместен на Психијатриска клиника, каде според информациите, се наоѓа и ден денеска.
Според информациите во јавноста, детето било спремно и со молотови коктели, а на историјата на неговиот компјутер можело да се види и дека пребарувал со цел да провери дали законот го опфаќа како малолетно дете.
Српските медиуми јавуваат дека момчето на сослушувањето кажало дека идејата да убива во неговото училиште во Белград ја добил откако гледал документарен филм во кој се споменува масовно убиство.
Тој изјавил дека продолжил да пребарува на Интернет за термини на тема пукање и убиства и анализирал што сториле напаѓачите и каде, релативно кажано, „згрешиле“ при извршувањето на нивните ужасни злосторства.
