ЕФ нема финален став, АА категорично против, Деспотовски: СДСМ треба да ги поддржи измените за локална самоуправа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се уште се чека официјален став од СДСМ и ДУИ во однос на измените на Законот за локална самоуправа кои ги предлага коалцијата „Вреди“. Со нив се предвидува да има в.д. градоначалници бирани во општинските совети, до наредните локални избори, бидејќи во спротивно во Аеродром, Гостивар и Сарај наскоро ќе треба да се гласа за нов градоначалник. Владејачкото мнозинство има 78 гласови, а за овој закон, покрај двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство, па сега финалната одлука лежи кај СДСМ и ДУИ.

Според кандидатот за иден лидер на СДСМ, Јован Деспотовски овие измени треба да се случат, бидејќи, како што вели, имаат економска оправданост, а и нема да се промени политичката карта ако сега се одржат повторно локални избори во трите општини.

„Веројатно нема некоја голема логика да имаме избори сега, па да имаме избори за година дена. Веројатно е истата логика заради којашто можеби прифативме, не сум сигурен колку беше тоа паметно од политички аспект, претседателските и парламентарните да се спојат на ист датум. Истата логика е и тука. Ако немало логика во рамки на три месеца да се прават два изборни процеса, тогаш не постои економска рационалност да се организира двапати изборен процес за иста позиција во 15 месеци“, рече Јован Депостовски, кандидат за преседател на СДСМ.

Илире Даути, потпретседателката на Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, во вчерашното издание на „Дејли Клик“, истакна дека овие измени се прават само заради еден човек – Арбен Таравари.

Поради тоа, како што додаде, не гледа никаква причина Алијанса да овозможи двотретинско мнозинство за Законот за локална самоуправа.

Илире Даути: Ставот на Алијанса за Албанците дефинитивно е „не“

Новинар: На Алијанса за Албанците… но во Фронтот сте го дискутирале прашањето?

Илире Даути: Во Фронтот имаме дискутирано, но се уште немаме одговор како се определени другите партии во рамките на Фронтот. Не дека не сакам да кажам, но навистина немаме еден став до овој момент

Мандаторот Мицкоски претходно повика сите пратеници безусловно да ги гласаат измените и најави дека ќе бара, како што вели, „елегантно решение“ по изборот на новата Влада. Измените се актуелизираа откако стана јасно дека градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе биде министер за здравство, Тимчо Муцунски од Општина Аеродром ќе премине во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, додека пак првиот човек на Сарај, Блерим Беџети од ДУИ, кариерата ќе ја продолжи како пратеник.