Европскиот фронт го обвинува министерот за здравство Арбен Таравари дека вршел притисок врз организациски и медицински директори во сите клиники да си поднесат оставки. Според нив, Таравари им наредил на своите блиски луѓе да им наредат на директорите да си поднесат оставки. Тие се изненадени зошто тоа се случува откако во Собранието веќе стигна предлогот на законот за здравствена заштита со кој се укинува функцијата економски директор.
-Кои по наредба на министерот Арбен Таравари вршат психолошки и институционален притисок на ниво на закани кон организационите и медицинските директори, кои иако имаат мандат, да си поднесат оставка од функцијата и должноста, вели Рина Ајдари, пратеничка на ЕФ.
Но, пратеничката Ајдари вели дека директорите од редовите на Европскиот фронт нема да поднесат оставки.
-Речиси во сите клиники. И оние кои имаат мандат и немаат мандат, врз сите се вршени притисоци од одредени поединци, кои добиле наредба од министерот за здравство Арбен Таравари да вршат притисок врз нив. Директорите нема да поднесат оставки, нашите директори не даваат оставки, вели Рина Ајдари, пратеничка на ЕФ.
А на овие обвинувања реагираше и самиот министер за здравство Арбен Таравари.
ДУИ имаше реакција каде жалеше зошто е елиминирана функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „почестено“ своите луѓе.
Така ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги крши коруптивните врски изградени од ДУИ… На оваа партија и требаат две работи:
- Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што се подготвуваат против нив,
- да сфати дека барем сега кога е во опозиција да го смени корумпираниот менталитет…
Инаку пред два дена во собраниската комисија за здравство поминаа измените на законот за здравствена заштита со кои се укинува целосно позицијата економски директор. Со ова, како што вели министерот Таравари, ќе се заштедат околу 2 милиони евра и работата на клиниките ќе биде поефикасна.
