ЕХФ го суспендира Драган Начевски поради наводна вмешаност во местење натпревари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

 Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави денеска дека претставникот на Судискиот одбор во Натпреварувачката комисија на ЕХФ, Драган Начевски, е суспендиран од должноста, поради сè уште непотврдени информации за наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари.

Одлуката, како што е соопштено, е донесена по вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ЕХФ во Виена, а по информации добиени претходно во текот на оваа недела од данската телевизија ТВ2, кои содржат „аудио и видеозаписи“.

реклама

Според информациите доставени од данскиот медиум, Начевски во јануари 2020 година одржал средба со наводен бизнисмен, кој го убедувал дека може да внесе кинески ракометен тим во регионалната СЕХА лига. Според истиот извор, на средбата станало збор и за „местење натпревари“.

ЕХФ наведе дека на овој состанок „Начевски повеќе пати одбил понуда да соработува во местење натпревари, но според доставените изјави од средбата, не се оградил во целост и со тоа испратил погрешен сигнал во контекст на својата функција“.

реклама

Од данската телевизија до ЕХФ се доставени и информации од анонимен извор, наводно поранешен судија, дека Начевски барал од него преку посредник да влијае врз местење натпревари.

Во соопштението се потенцира дека Начевски преку писмо ја известил ЕХФ дека никогаш не бил вмешан во местење натпревари.

реклама

Веродостојноста на информациите за наводната вмешаност на Начевски во незаконски активности, како што наведе ЕХФ, „до овој момент не можат да се потврдат“ и се предадени на истрага на австриската полиција, а времената суспензија на поранешниот македонски ракометен судија и делегат, е мотивирана од политиката на нулта – толеранција кон секој обид во европскиот ракомет за местење натпревари или влијание врз исходот на натпреварите.

Данската телевизија ТВ 2 претходно оваа година достави информации до ЕХФ за наводна вмешаност во местење натпревари на македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои потоа беа демантирани и утврдени за невистинити.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама