ЕК: Економската ситуација во Германија може да има негативни последици за цела Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лошата економска ситуација во Германија и уште во 9 други земји во ЕУ, може да има негативни последици врз целата Европа, предупреди денеска Европската комисија, цитирана од ДПА.

Макроекономските нерамнотежи во овие земји предизвикуваат загриженост и сега ќе бидат потемелно анализирани, соопшти Европската комисија.

„ЕУ се соочува со сериозни структурни предизвици кои го загрозуваат нашиот долгорочен просперитет. Потребна е итна акција“, рече комесарот за економија Валдис Домровскис.

Целата на извештајот е да ги открие и реши овие проблеми во рана фаза. Проценетите индикатори вклучуваат стапки на невработеност, нивоа на долг, текови на кредити и цени на имот.