ЕК најави 1,2 милијарди евра за Западен Балкан, еве за што ќе бидат искористени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Европската комисија денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан, кој може да стимулира инвестиции во износ од 1,2 милијарди евра во водоснабдување, одводнување, железница и за зелена трансформација на малите и средни претпријатија.

Од 1,2 милијарди инвестиции, 300 милиони евра се грантови од постоечкиот инструмент за претпристапна помош, останатиот износ ќе се обезбеди од билатерални придонеси на земјите членки на ЕУ и Норвешка, заеми од финансиски институции и придонеси од земјите од Западниот Балкан.

Планирани се инвестиции за изградба и реновирање на водоводната мрежа и третман на отпадни води во Босна и Херцеговина и Црна Гора, за брзата пруга Белград-Велика Плана и за поддршка на иновациите и зелената трансформација на компаниите во регионот.

„Овие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристап до нашиот единствен пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери да се приклучат на нашата Унија“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.