Екологистите бараат од Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„О2 иницијативата“ денеска побара од Владата да донесе забрана за увоз на користени возила постари од 10 години, и под ЕУРО 5 стандардот за издувни гасови, и исто така ограничување на увоз на возила со ЕУРО 6 стандард.

Тие го испиратија ова барање писмено до премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека нивните барања ќе придонесат за намалување на загадување на воздухот.

„Ова е една од конкретните мерки кои ги доставуваме до Владата, бидејќи сметаме дека сообраќајот е огромен фактор што придонесува за загадувањето на воздухот. Во минатото сме доставувале и други предлози, така што властите немаат оправдување да кажат дека не знаеле што треба да се направи. За споредба, во регионов вакви услови имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора“, рече на денешната прес-конференција пред Владата Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.