Економската ситуација сериозна, достојни плати и европска иднина, но се ќе зависи од коронакризата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Економската  ситуација е сериозна. Неколку пати предупреди министерот за финансии Фатмир Бесими.  „Ова не е за да плашиме некого, туку да ја сфатиме сериозноста на ситуацијата”,  рече тој.

„Нема да биде лесно“

„Во првата половина од годината економијата има  пад од 6,4 проценти. Согласно ребалансот  направен  согласно проекциите  приходите беа намалени  за 11,5 отсто во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал постигна 50,7 проценти, од кои вкупниот јавен долг 59,5 проценти“, истакна Бесими.

Фирмите треба да знаат дека навреме ќе имаат поврат на ДДВ, рече министерот  додавајќи дека државата ќе ги исполни сите други обврски кон приватниот сектор Тој вети европска иднина и достојни плати.

„Прво и најважно, до крајот на мандатот да ја вратиме економијата на солиден и одржлив раст од 4 отсто,, што ќе создаде солидна основа за удвојување на долгорочниот просечен економски раст од 2,6 проценти во минатиот десет годишен период во наредните на  4 и 5 проценти просечен долгорочен раст.  По завршувањето на кризата, да овозможиме раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30 отсто, но тоа ќе влече и зголемување  на минималната плата.“, рече Бесими.

Најави и директна помош во износ од 300 , милиони евра за домашните и за странските компании. Во однос на буџетот, Бесими истакна  дека тој е стабилен и оти ќе има доволно финансии за реализирање на истиот.

„Зависно од тоа колку ќе чини пакетот на мерките ние ја следиме реализацијата на Буџетот каде ќе има простор и се знае дека со голема веројатност нема да се реализират тие планирани трошења во Буџетот така ќе направиме репрограмирање.“, вели Бесими.

Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно до денеска според министерот  е 41 отсто, и доколку некои од нив не се реализираат истите ќе се одложат и средствата ќе се искористат за новиот четврти  сет мерки. Министерот изразува надеж дека неговиот мандат ќе заврши успешно и покрај како што рече дека тоа  нема да биде лесно.