Екс министерот Рушити за учебната година: „Доцниме со одлуките, на дебатата да се вклучат психолози и социолози“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

15 дена не делат од 1 септември датум на кој според Законот за образование треба да почне учебната година. Образовните власти најавија дека учебната година може да почне на 15 септември, но за секое одложување потребни се законски измени. Екс министерот за образование и наука, Сулејман Рушити смета дека ниту еден министер не може да биде над законот и да направи одложување на почетокот на учебната година без законски измени.

„Реално, министерот само предлага а Собранието усвојува. Се што е регулирано со закон, не може да се промени со уредба. Сега не знам кој министер би преземал одговорност да направи прекршување на законот и треба да имаме разбирање за секој министер кој е во таа ситуација бидејќи со оглед на тоа дека РСМ е парламентарна држава, никој не може да биде над законот.“, рече Рушити.

Иако според Рушити одложувањето не е долго и дека такво нешто се случило во текот на вторите полугодија, сепак смета дека образовните институции доцнат со решавањето на проблемот.

„Апсолутно да. Доцниме. Односно властите требало да ги завршат овие дебати за да се подготват за можните опции и се најавуваше дека во септември ќе имаме втор бран, затоа сметам дека требало да се земат предвид законските измени, со цел да бидат подготвени за вториот бран.“, вели Рушити.

Но, министерот во заминување, Арбр Адеми, пред неколку дена изјави дека институциите не доцнат со носењето на одлуките во врска со учебната година.

„Не, не е доцна. Доколку денеска одлучиме за физичко присуство, тоа е како тек на епидемиолошката ситуација која ни го овозможува тоа и е барање на родителите врз основа на анкета направена со УНИЦЕФ.“, изјави Рушти.

Сето ова, според Рушити ќе влијае врз ефикасноста на учебната година. Вели дека во ова ситуација, идеален модел е комбинирана настава.

„Секој прашалник кој може да биде покренат од учениците во основно, средно и студентите, ќе има последици врз целта учебна година која следува.“, вели Рушити.

Рушити предлага на дебата за почеток на учебната година да бидат вклучени психолози и социолози, а не само здравствени експерти.