VAKCINACIJA.mk е веб страницата преку која ќе може да се пријавуваме за вакцина против коронавирус, дознава ТВ21.
Веб стрницата е со наслов Апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против вирусот COVID-19.
Веб страницата според најавите на Министерството за здравство треба да започне со работа утре.
Ќе може да се пријават сите граѓани, а потоа ќе се утврди приоритетот со помош на системот „Мој тремин“.
Имунизацијата во Македонија ќе започне со кинеските вакцини веднаш што пристигнат, а се очекува и пратката од Фајзер.
Од кинеската Синофарм очекуваме 200.000 вакцини со кои ќе може да се услужат 100.000 граѓани.
