Дури 75 болници во главниот романски град Букурешт се ставени во класификација на сеизмички ризик 1-2, односно при силен земјотрес би претрпеле оштетувања, па дури и колапс, пренесува „Диги 24“.
Меѓу најранливите згради е Клиничкиот завод „Фундени“, кој се изграден пред 50 години, и има сеизмички ризик два.
„Ќе имаме големи проблеми во случај на земјотрес. Има микро пукнатини во носечките столбови, паѓа малтер, има корозија на армираниот бетон“, рече Марија Соаре, раководителка на институтот.
Исто така под ризик е и зградата на Институтот за кардиологоија и кардиохирургија „проф. д-р С.С. Илиеску“. Исто така под ризик е болницата за итна помош „Багдасар Арсени“, која е една од најголемите во Букурешт.
