Плинската боца експлодираше во викендица во селото Матец во општина Липково. Според првични информации до кои дојде ТВ21 повредени се шест лица.
Од кумановската болница за ТВ21 велат дека 3 лица се на интензивна нега, односно пластична хирургија и 3 во градската болница.
Несреќата се случила во викендица, надвор од селото.