УДАРНА ВЕСТ

Експлозии одекнуваат во Бејрут, десетици загинати, над 150 ранети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку експлозии ја потресоа областа во близина на аеродромот во Бејрут.

Либанското Министерство за транспорт соопшти дека пошироката област на аеродромот била погодена барем еднаш.

Во последните 24 часа загинале најмалку 37 лица, а 151 е ранет, соопшти локалното Министерство за здравство.

Израел го бомбардираше центарот на Бејрут во четвртокот, откако израелските сили го претрпеа најсмртоносниот ден на либанскиот фронт во една година конфликт со Хезболах, милитантната група поддржана од Иран.

Израел соопшти дека извршил прецизен воздушен напад врз Бејрут. Очевидци на Ројтерс изјавија дека виделе голема експлозија, а безбедносните сили соопштија дека целта била зграда во централниот кварт Бахур во Бејрут, во близина на зградата на парламентот.