Експлозии во складиште за муниција во Чешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозии одекнаа во складиште за муниција во градот Билина во регионот Теплице во северозападна Чешка, јави прашкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Магацинот е во сопственост на чешката полиција. Според првичните податоци, нема жртви.

Пожарникарите кои пристигнаа на местото на несреќата сè уште не можат да го изгаснат пожарот и постои можност за нови експлозии.

Евакуирани се жителите на куќите лоцирани во радиус од половина километар од магацинот. Влезот во Билина, со околу 17.000 жители, е блокиран од полицијата.