Кристијано Роналдо донесе одлука да го напушти кампот на португалската репрезентација, по прес-конференцијата на селекторот и разговор со претседателот на Португалската фудбалска федерација.
Роналдо преку својот профил на Инстаграм соопшти дека засега нема да ги открива причините за неговото заминување од националниот тим.
„Во свое време, ќе им ја кажам вистината на сите Португалци за причините што го мотивираа моето заминување од репрезентацијата, на која секогаш сум ѝ бил посветен“, напиша Роналдо.
Тој воедно им посака среќа на Португалија и на сите свои репрезентативни соиграчи.
„Сега е време да ѝ посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок“, порача Роналдо.
