Во Белград, на паркингот кај јавниот сервис РТС пред 10 часот се случила експлозија во која едно лице починало, а две се тешко повредени, пишува H1.
Брзата помош констатирала смрт на работникот Т.Н. (65), додека друг работник П.З. (64) бил пренесен во Ургентниот центар за реанимација. Со приватно возило во Ургентниот центар бил донесен и работник Н.П. (50) со повреди на главата.
Станува збор за работници кои го поправале системот за клима во РТС.
Според наводите на H1, загинато е лице вработено во компанијата „Енинг енергетика“.
Уништени се неколку автомобили и искршени се стаклата на делот од зградата на РТС.
Улицата повторно е проодна за минувачите, откако полицијата забрани движење на таа улица. Околните улици се исто така проодни за сообраќај.
