Експлозија во Москва, две лица загинаа (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во експлозија недалеку од Москва загинаа две лица, додека шест се ранети, а уништени 10 станови.

До експлозијата дошло за време на полицискиот час во Русија. На фотографијата од локалните власти се гледа уништена зграда со најмалку три спрата.

Експлозијата се случила во градот Орехово-Зујево, околу 95 километри источно од Москва.

Експлозиите на гас се чести во Русија, со оглед дека инфрастуктурате потекнува уште од времето на Советскиот Сојуз, а често не се почитуваат мерките за безбедност.