Oгромна трагедија се случи во клубот „Колектив“ во Букурешт за време на рок концерт. Романското министерство за внатрешни работи ја потврди смртта на 26 лица, додека се повредени најмалку 180.
Како што пренесува “Russia Today”, во ноќниот клуб одекнала експлозија, набрзо се проширил голем пожар, а дошло и до човечко стампедо. Се стравува дека бројот на жртвите може драстично да биде зголемен со оглед на тоа што на рок концертот присуствувале над 400 луѓе.
нема официјална потврда што ја предизвикало експлозијата, а според првичните информации кои ги пренесуваат романските медиуми, можно е несреќата да се случила поради прекумерна употреба на пиротехнички средства.
Еден од очевидците тврди дека во клубот биле користени пиротехнички средства, по што се запалил еден од столбовите, по што веднаш се запалил и голем дел од ноќниот клуб. Потоа дошло до експлозија и се појавил густ чад. Други детали засега не се познати, но ова сигурно е една од најголемите трагедии кои што се случиле во историјата на романскиот главен град.