Пожарникарите на Загреб денеска околу 16 часот добиле дојава за експлозија на третиот кат од една зграда во Нов Загреб. Во станот била жена, но за среќа не е повредена.
Интервенирале 10 пожарникари со три возила кои затекнале жена во станот, а била во шок.
Наводно се запалило масло во тава на инцукциска плоча, велат пожарникарите.
Пожарот пробала да го изгаси со вода, при што дошло до експлозија која избила и низ прозорот, а напукнал и ѕидот во кујната.
„Се слушна силно, многу се исплашивме. Тоа е некоја млада девојка која сега го купила станот“, вели соседот.
